АКО ИМА ПОТРЕБА ЌЕ ИМА НОВА ПОДДРШКА ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ Битиќи најави пресметки за загубите
Вицепремиерот за економски прашања се надева дека здравствената криза ќе попушти и ќе се овозможи компаниите да се вратат во нормала.
Доколку е потребно ќе донесеме нови мерки за поддршка на угостителите и граѓаните заради воведувањето на последните рестриктивни мерки за посета на угостителските објекти и затворените трговските центри, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
– Како секогаш ги пратиме донесените рестриктивни мерки и доколку заеднички одлучиме дека финансиските импликации се толку големи што бараат одредена поддршка ќе седнеме и ќе разговараме. Секако мерките ќе бидат за тие кои се најмногу погодени – рече Битиќи.
Тој додаде дека воведените рестриктивни мерки се привремени.
– Да се надеваме дека здравствените бројки ќе укажат дека полека ќе можеме да се вратиме во нормалниот живот, а ако тоа не е возможно и досега сме докажале дека носиме мерки за стопанството кога е тоа потребно – рече Битиќи.