САРАМАНДОВ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК СДСМ ја претвори Гевгелија во паланка

Сарамандов истакна дека програмата за Гевгелија се базира на 4 столба од која првата е  стратегија за туризам  и искористување на сите туристички потенцијали, под два, стратегија за млади и спорт, екологија и зелени површини и четвртиот столб добар урбанизам.

1,002

Кандидатот за градоначалник на ВМРО- ДПМНЕ Андон Сарамандов рече дека на Гевгелија и треба нова енергија за нови победи, а дека СДСМ го претвориле градот во паланка.






Сарамандов истакна дека  неговата програмата за Гевгелија се базира на 4 столба од која првата е стратегија за туризам  и искористување на сите туристички потенцијали, под два, стратегија за млади и спорт, екологија и зелени површини и четвртиот столб добар урбанизам.

– Мојата програма за подобра Гевгелија се состои од 4 столба: Стратегија за туризам и искористување на сите туристички потенцијали, затоа што најголем дел од приходите на стопанствениците од Гевгелија зависат од оваа гранка Пандемијата со корона вирус ни покажа дека покрај казинскиот туризам, потребни  се и алтернативни решенија за развој на туризмот а со тоа и остварување дополнителни приходи. Имам конкретна визија за нашето природно богатство, планината Кожуф  да прерасне во најпосакуваната туристичка дестинација.. Овозможување на услови за развој на бањски туризам затоа што општина Гевгелија е богата со геотермални води Младите и спортот. Битката за зачувување на младите во својот роден крај е зацртана во моето дејствување и од тоа нема да се откажам. Секој млад човек заслужува да добие шанса да работи и твори во своето родно место, затоа наша обврска е да овозможиме услови за отворање на нови работни места. Спортот и спортските клубови имаат долга традиција во општина Гевгелија – рече тој.

Во исто време, тој најави дека ќе го обнови функционирањето на шаховскиот клуб „7 ноември“.

– Мојата целосна поддршка во наредните 4 години ќе ја имаат атлетскиот клуб и планинарските друштва од Гевгелија кои во последниот период покажаа голем ентузијазам и успеси – рече Сарамандов.

Поврзани содржини