ДАНИЕЛ КРЕГ Е НАЈПЛАТЕНИОТ АКТЕР НА СВЕТОТ Актерките ги нема во првите пет
Популарниот Карпа, Двејн Џонсон која за остварувањето „Red One“ заработил 50 милиони долари.
Магазинот „Варајети“ објави листа на најплатени филмски актери. На листата очекувано се познати лица од Холивуд, а заработката е милионска.
Листата на најплатени актери ја предводи филмскиот херој Џејмс Бонд, актерот Даниел Крег со заработка од 100 милиони долари. Зад него е популарниот Карпа, Двејн Џонсон која за остварувањето „Red One“ заработил 50 милиони долари.
По нив следуваат Вил Смит и Дензел Вашингтон со 40 милиони долари.
Вил Смит оваа цифра ја заработил од филмот „King Richard“. А Вашингтон во филмот „The Luttle Things“.
На петтото место на листата на „Варајети“ е големиот заводник Леонардо Дикаприо со 30 милиони долари од филмот „Don’t Look Up“.
Жените се најдоа дури на шесто, седмо и осмо место со заработки од 25-20 милиони долари. Тоа се Џенифер Лоренс на шесто, Џулија Робертс на седмо и Сандра Булок на осмо место. И со нив завршува списокот на најплатени актерки, бидејќи останатите осум се исто така актери.