Бајден: По 100 долари ќе добие секој вакциниран Американец

Министерството соопшти дека ќе обезбеди техничка помош за користење на фондот за поддршка на поголема вакцинација, објави Ројтерс.

178

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика властите на американските држави да го наградат секој нововакциниран граѓанин со 100 долари, со што би се зголемила стапката на имунизација, објави Министерството за финансии на САД.

Во соопштението се вели дека за таквата иницијатива може да се користат средствата од Фондот од 350 милијарди долари наменет за државите, локалните и другите власти да се борат против последиците од пандемијата.






Министерството соопшти дека ќе обезбеди техничка помош за користење на фондот за поддршка на поголема вакцинација, објави Ројтерс.

Поврзани содржини