Алармантна здравствената состојба на Камчев, во КПУ затвор Скопје нема дежурен доктор ниту му се дава соодветна терапија

Притисоците на притвореникот опасно се спојуваат, а во затворот го „лечат" со сол и со газирана вода, алармира неговиот правен тим.

1,481

Денеска, при редовната посета на Јордан Камчев, од страна на дел од неговиот правен тим, повторно е констатирано она кое изминатите неколку недели се потврдува, дека неговата здравствената состојба е исклучително алармантна, континуирано се влошува и во КПУ затвор Скопје нема соодветни услови за третирање на истата.






Правниот тим на притвореникот соопшти дека Камчев постојано има сериозна, силна главоболка, но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа. Се испраќа медицинска сестра за проверка на состојбата.

Првично, денеска, во текот на утрото, Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим” било констатирано било дека имало спојување на притисоците и дека имало видливи отоци на лицето. Потоа, во 14.30 часот, тој се чувствувал многу лошо, поради што е прегледан повторно во КПУ Затвор Скопје. Повторно е констатиран споен притисок, 90 со 70.

Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил, бидејќи од претходното искуство, кога е пренесуван, смета дека тоа е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа, зашто и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба.

Затворскиот ,,медицински тим”  оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и со газирана вода.

Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и  несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на притвореникот Камчев.

„Од правен, но и од етички аспект, и нашиот клиент, г-н Камчев, и ние како правна одбрана, во целост поддржуваме активности со кои би се  докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и кај судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не треба да биде директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек”, велат од правниот тим на Камчев.

Затворските власти тврдат дека здравствена состојба на Камчев не била нарушена и дека сите контроли и тестови покажале дека параметрите се во ред, објави порталот 360 степени.

Поврзани содржини