Пријателот на Бритни Спирс: Долго молчев, ми се закануваа со смрт, но доста е (ФОТО)

599

Долгогодишниот пријател и агент на Бритни Спирс, Кејд Хадсон, проговори за нејзината борба за укинување на старателството. Тој одлучи дека повеќе не сака да молчи.

– Со години молчев, но она што е премногу е премногу. Откако добив илјадници смртни закани и избегнав стотици шишиња вода што непознати луѓе ми ги фрлаа во глава, зборувајќи ми дека „ѝ го перам мозокот“, доста ми е – ја започнал Хадсон објавата на Инстаграм, пренесува ТМЗ.






Кога странските медиуми ја пренесоа неговата објава, Кејд го ​​„заклучил“ својот профил на Инстаграм и објавата веќе не е јавно достапна.

„Ова е кршење на основните човекови права. Јас молчев затоа што се плашев да не останам без работа, кариерата што ја градев 15 години и поради заканите од човекот кој сите го знаеме, но не сакаме да му го споменуваме името. Но, сега е доста и повеќе нема да молчам“, рекол Хадсон.

Тој вели дека системот и јавноста ја изневериле Бритни, но дека сега има одличен адвокат кој ќе ѝ помогне.

– Иако луѓето не ја гледаат вистината, таа ќе излезе на виделина. А, некои навистина треба да да се загрижат поради тоа. Тие некои знаат кои се. Време е за заздравување. Бог ќе се погрижи оние што ѝ нанесоа зло, да платат за тоа, а јас првпат јавно ќе кажам – Ослободете ја Бритни #FREEBRITNEY – заклучил Кејд Хадсон.

ФОТО: Инстаграм/Твитер

Поврзани содржини