Уапсен возачот на косовскиот автобус, признал дека заспал на воланот

„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, соопшти Јавното обвинителство.

1,036

Приведен е возачот на косовскиот автобус кој утрово доживеа тешка сообрааќајна несреќа кај Славонски Брод во Хрватска, соопшти Јавното обвинителство од Славонски Брод.

Како што е наведено во соопштението, возачот на автобусот на „Дева Турс“ од Приштина, кој патувал од Франкфурт кон главниот град на Косово, признал дека заспал на воланот.






„Возачот на автобусот е затечен на лице место и е приведен. Се собираат докази врз основа на кои ќе му биде поднесена кривична пријава“, соопшти Јавното обвинителство.

Според неофицијалните информации, тој го презел управувањето на автобусот на граничниот премин Брегана, меѓу Словенија и Хрватска, каде што се смениле со својот колега кој возел од Франкфурт. Тој и девет патници смртно настрадаа во несреќата, а над 40 лица се повредени.

Поврзани содржини