Почина бремена жена во Гинекологија „Чаир“, лекарите го извадиле здраво нејзиното бебе

Трудницата била донесена во болницата со влошена здравствена состојба и брзо била породена.

1,420

Бремена жена вчера починала во Гинекологија „Чаир“. Полицијата соопшти дека во СВР Скопје вчера рано утрото е пријавено дека Н.М.(23) од Скопје, бремена во осми месец била донесена со влошена  здравствена состојба во болницата.

„Кратко потоа таа починала во Одделението за интензивна нега, но било извршено породување и било извадено живо женско дете“, соопшти полицијата.






Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини