Познати тремините за претквалификациите, селекторот Бајиќ го повика Бакоч

Првопласираните две селекции од групата „Ф“ ќе се пласираат во квалификацискиот сегмент за Мундобаскетот во 2023 година.

229

Натпреварите за пласман во главниот дел од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година што ќе се играат во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“ ќе почнуваат во 19 часот.

Според претходно одредениот календар од страна на ФИБА, македонската репрезентација претквалификациите ќе ги почне на 12 август, против селекцијата на Швајцарија.






Два дена подоцна, на 14 август, сениорите ќе ги одмерат силите и со селекцијата на Словачка.

На 16 август, „црвено-жолтите“ ќе го имаат вториот дуел против репрезентацијата на Швајцарија, а на 18 август, турнирот го затвораат со натпревар против Словачка.

Првопласираните две селекции од групата „Ф“ ќе се пласираат во квалификацискиот сегмент за Мундобаскетот во 2023 година.

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, упати повик до Филип Бакоч кој веднаш се приклучи на подготовките за претстојните претквалификации за Мундобаскет 2023.

– Сакам да имаме уште посилен интензитет во оваа фаза од подготовките. И да имаме играч повеќе, особено во оваа уводна фаза од подготовките. Затоа одлучив дополнително да го повикам Филип Бакоч, кој треба да помага на оние крилни позиции во тимот, каде го очекуваме доаѓањето на Џејкоб Вајли. Засега се оди според планот, играчите одлично ги прифатија сите принципи на работа на стручниот тим. Јас сум презадоволен од нивниот однос кон тренинзите. Во Маврово ќе работиме уште два дена, во среда се симнуваме во Скопје – изјави Бајиќ.

Поврзани содржини