Почина поранешниот селектор на СР Југославија и поранешен играч на Вардар, Милан Живадиновиќ

Живадиновиќ ќе остане запомнет како човек кој ја тренираше Црвена звезда од 1992 до 1994 година, а исто така беше тренер и на уште неколку екипи од поранешната СФР Југославија, Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад и Спартак каде и ја започна тренерската кариера.

746

Во 77-та година почина фудбалскиот тренер и поранешен селектор на Југославија, Милан Живадиновиќ.

Живадиновиќ ќе остане запомнет како човек кој ја тренираше Црвена звезда од 1992 до 1994 година, а исто така беше тренер и на уште неколку екипи од поранешната СФР Југославија, Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад и Спартак каде и ја започна тренерската кариера.

Исто така беше тренер и на турскиот Сакаријаспор и во кувајствиот Ал Шабаб, а во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија.

Потоа тој  работеше и во Ал Наср, Обилиќ, а беше и селектор на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар.






Фудбалската кариера ја помина играјќи за екипите на Црвена звезда, Челик, Вардар, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест.

Поврзани содржини