Над 11.500 Македонци примиле прва доза вакцина во Врање

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги добиле вакцините на „Фајзер“, „Спутник V“ и „АстраЗенека“.

338

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8.306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот „Југпрес“, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.






Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11.540, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е 6 граѓани.

Бројот на граѓани на Република Северна Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 8.306 и 7 државјани на Република Босна и Херцеговина.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.669, додека со втора доза се вакцинирани 27.117 српски државјани.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги добиле вакцините на „Фајзер“, „Спутник V“ и „АстраЗенека“.

Поврзани содржини