ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да расправа за Резолуцијата, Џафери одби и ја најави за наредната седница

Оваа резолуција којашто предизвика голема заинтересираност на македонска јавноста и можност да продискутираме во македонското Собрание во контекст на блокадите на европските интеграции, рече координаторот на пратеничката група на вМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

319

Претседателот на Собранието Талат Џаферо денеска од собраниска говорница соопшти дека предложната Резолуција од ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата и националните црвени линии е примена во Парламентот и дека најверојатно материјалите за неа ќе бидат испратени до пратениците и таа би можела да се најде на дневен ред на наредната седница.

– Резолуцијата е примена во Собранието и е во изготвување да се распредели до сите пратеници. Согласно Деловникот, за актите за коишто не се распределени до пратениците не може да се отпочне собраниска постапка. Се надевам дека до наредната седница ќе биде спремен целиот материјал. Не е започната законската постапка за соодветниот документ – рече Џафери одговарајќи на процедуралната забелешка на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој на почетокот на 46. седница побара Резолуцијата да биде ставена на дневен ред.






Мицевски рече дека во јавноста имало голем интерес за овој документ.

– Оваа резолуција којашто предизвика голема заинтересираност на македонска јавноста и можност да продискутираме во македонското Собрание во контекст на блокадите на европските интеграции. Оваа Резолуција е добар документ затоа што би имала обврзувачко дејство согласно волјата на пратениците, а за Владата би значело оцртување на лошите рамки во коишто таа смее да разговара но со почитување на црвените линии во кои се содржани националните и државните интереси – рече тој.

 

Поврзани содржини