Хрватската пејачка Северина синоќа одржала концерт во клуб во Бол на Брач, а во таа прилика и таа и целиот бенд се појавиле облечени во црвени комбинезони и маски, кои ги носеле познатата крадци од серијата „La Casa De Papel“.
А, сето тоа се случува само неколку недели откако станот на Северина беше ограбен од кој беа изнесени скапоцености во вредност од наводно околу 300.000 евра.
„La Casa de… Música“, напиша Северина со снимка од изведбата.
View this post on Instagram
Да потсетиме, станот на хрватската пејачка Северина Којиќ беше ограбен кон средината на јуни, а при кражбата, крадците ја врзале куќната помошничка и украле накит и други скапоцености.
Северина во тој момент не била дома, во нејзиниот пентхаус била само куќната помошничка. Пејачката се вратила набргу по грабежот и потоа дала изјава во полиција.
View this post on Instagram