Построги мерки во Грција: Нема забави, само гости на маса во баровите

Денешната одлука доаѓа по зголемениот број на нови случаи во Грција и организирањето забави за младите, со оглед на тоа дека, како што рече Хардаљас, просечна возраст на новите случаи е 27 години

3,202

Од 8 јули сите угостителски објекти во Грција, како што се баровите, кафулињата, местата за забава и слично, ќе работат само за гости кои седат на маса, а за прекршување на мерките предвидени се строги казни и затворања на објектите, соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Никос Хардаљас.

Денешната одлука доаѓа по зголемениот број на нови случаи во Грција и организирањето забави за младите, со оглед на тоа дека, како што рече Хардаљас, просечна возраст на новите случаи е 27 години






Во изминатите 24-часа во Грција беа регистрирани 1.797 нови случаи на kовид-19.

Поврзани содржини