Лукаревска: Изрековме повеќе од 400 глоби за неиздавање фискални сметки

Директорката на УЈП рече дека од првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имало огромен број на анонимни пријави за неиздавање на фискални сметки.

203

Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на ковидкризата спроведе огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрече повеќе од 400 глоби, потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

– Уште првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ за граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број на акции и на контроли – рече Лукаревска  на денешната прес-конференција по повод ,,Две години МојДДВ со граѓаните”.






Во периодот кога беше најголемиот бран на ковидкризата, додаде, одевме само превентивно која сите даночни обврзници.

-По завршувањето на бранот имаме направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава – рече Лукаревска.

Поврзани содржини