Турција пушти нов ковид тест со 99% точност и 10 секунди време на резултат

Потребни се 20-30 секунди за да се потврди негативниот резултат, изјавија турските научници.

774

Турција започна со масовно производство на нов тест развиен во земјата, кој со 99 процентна точност открива присуство на коронавирус за само 10 секунди, објави Си-Ен-Ен Турк.

Системот за откривање на коронавируси, наречен „Дијагновир“, се заснова на нанотехнологија и веќе помина тестови за сигурност.






Според ректорот на Универзитетот во Билкент, кој го разви проектот, проф. Абдула Аталар, новиот систем, кој брзо дава сигурни резултати, може да го заземе местото на претходните ПЦР тестови.

Тој посочи дека различни институции од целиот свет се заинтересирани за тестот, вклучително и Германската фудбалска лига.

– Ние веруваме дека ова е систем без аналог во светот – додаде проф. Аталар. Ако резултатот од тестот со „Дијагновир“ е позитивен, тогаш треба да се прочита за само 5-10 секунди.

Потребни се 20-30 секунди за да се потврди негативниот резултат, изјавија турските научници.

Поврзани содржини