Холивудскиот актер Харисон Форд (78) се повредил додека ги вежбал движењата за долгоочекуваното продолжение на франшизата за „Индијана Џонс“, а ова би требало да биде петто продолжение. Како што се наведува, неговата состојба допрва треба да се процени.
Извештаите сугерираат дека продукцијата на филмот ќе продолжи околу и по закрепнувањето на славниот актер, а дека распоредот на снимања ќе се промени кога ќе биде потребно во наредните недели.
Извор од „Дизни“ за еден американски медиум изјави дека во текот на пробата за сценатa со борба, Харисон Форд го повредил на рамото.
– Производството ќе продолжи додека се проценува соодветниот тек на лекување, а распоредот за снимање ќе се смени по потреба во наредните недели – истакнува изворот.
Ова не е првпат Харисон Форд да се повреди на снимање на филм.
Имено, актерот кој во тоа време имал 71 година бил повреден за време на снимањето на филмот „Војна на ѕвездите: Будење на силата“ затоа што паднала хидрауличната врата на „Милениумскиот сокол“ врз него и го соборила на земја. Продуцентската компанија на „Дизни“ е казнета со над 2.000.000 долари, а актерот ја скрши карлицата, го искриви глуждот и недостасуваа милиметри за вратата да му ја отсече главата како на гилотина.