По овој актер жените лудуваа, а денес никој не го препознава (ФОТО)

3,457

Актерот Брендан Фрејзер беше еден од најзгодните и најангажираните актери во Холивуд во 90-тите години.

Во филмот „Џорџ од џунглата“ покажа неверојано тело со мускули, па стекна голем број обожавателки кои воздивнуваа по него, а тој се прослави и со улогата во филмот „Мумија“.






Денес е веќе малку заборавен бидејќи ретко се појавува во јавноста, а кога и ќе се појави, тешко може некој да го препознае.

File:Brendan Fraser by David Shankbone.jpg - Wikimedia Commons

Актерот, кој сега има 52 години, е снимен на премиерата на „No Sudden Moves“ минатиот петок во Њујорк, а физички многи се променил од времето на неговата најголема слава.

Во едно интервју за магазинот „Џеј Кју“, Фрејзер открил дека неколку години одел по болници поради последиците од повредите што ги здобил за време на снимањето филмовите, сам ги одработувал тешките сцени, без каскадери.

Меѓу другото, тој морал да направи ламинектомија, односно хируршка процедура со која се отстранува дел од ‘рбетот, а бидејќи операцијата не успеала при првиот зафат, морал да ја повтори следната година.

Брендан првата поголема улога  ја добил во 1992 година во филмот „Праисториски човек од Калифорнија“, а неговата улога во „Џорџ од џунглата“ во 1997 година го лансираше меѓу sвездите. Во 2000 година тој глумеше со Елизабет Харли во филмот „Маѓепсан“, а можеби најголемо внимание во јавноста доби за улогата во филмскиот серијал „Мумија“, каде играше заедно со Рејчел Вајс.

Последните неколку години не се појавуваше во значајни улоги, а многу ретко се појавуваше и во јавноста. Во едно од ретките интервјуа за списанието „Џеј Кју“, открил зошто речиси целосно исчезнал од Холивуд.

Според неговите зборови, актерот бил сексуално злоставуван во 2003 година од Филип Берк, кој тогаш бил претседател на Холивудската асоцијација за странски печат (ХФПА) – во текот на ручекот во хотел во Беверли Хилс.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини