Отиде ли Заев во Софија со предлог за јазикот?

Според бугарските медиуми, премиерот во Софија Меѓу отишол и со формулација за јазичниот спор, која гласела дека Бугарите и Македонците говорат истовремено на ист јазик, но и на различни, кои се светски признати одделно. Владата демантира.

2,494

Под наслов „Компромисот на Заев: Говориме на ист јазик, но меѓународно признат како два различни“, весникот „24 часа“ повикувајќи се на владини извори открива дека една од петте варијанти за компромис содржани во предлогот кој македонскиот премиер Зоран Заев вчера го донел во Софија на средбата со бугарскиот технички премиер Стефан Јанев,  е и опцијата за јазичниот спор.

– Според извори на ’24 часа’ од бугарската влада, гостинот предложил пет варијанти за компромис, кои треба да влезат во политичката декларација. Меѓу нив имало и формулација за јазичниот спор, која гласела дека Бугарите и Македонците говорат истовремено на ист јазик, но меѓународно признати како два јазици. Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски – објави „24 часа“, пренесувајќи го и одговорот на премиерот на Јанев дека „ќе започне интензивна дискусија за предлозите уште денес“.






Весникот „Труд“, пак, пишува дека македонскиот премиер ветил дека, ако на средбата во Брисел на 22 јуни го поддржат почетокот на преговорите, ќе ги направи неопходните компромиси за спорните историски теми.

Во Софија немаше формулации за решенија, се зборуваше за доверба и дијалог, ги демантира Владата пишувањата на бугарскиот весник.

„За време на вчерашните работни средби обезбедивме унапредување на меѓусебната доверба и дијалогот меѓу Северна Македонија и Бугарија. Овој позитивен исчекор ни овозможи да разговараме за можностите за решенија, за што добра основа е португалскиот предлог. Решенијата мора да водат грижа за двете страни, односно да ги адресираат прашањата што се важни и за Република Северна Македонија и за Бугарија. Не се точни шпекулациите за наводни формулации за решенија што се споделуваат низ дел од медиумите“, изјавиле за МКД.мк од кабинетот на премиерот Заев.

Поврзани содржини