Еве што прво кажал Ериксен откако го оживеале
Срцето а Ериксен почнало да чука со помош на дефибрилатор, а лекарот Јенс Клајнфелд открил за „Фокс Спортс“ што му рекол Данецот кога го оживеал.
Лекарите кои се нашле на теренот откако Кристијан Ериксен се онесвести откриле што им кажал фудбалерот откако го оживеале.
Данецот се сруши во 43-та минута на натпреварот меѓу Финска и Данска, а лекарите повеќе од 10 минути го оживуваа.
Срцето а Ериксен почнало да чука со помош на дефибрилатор, а лекарот Јенс Клајнфелд открил за „Фокс Спортс“ што му рекол Данецот кога го оживеал.
– Дојде при свест приближно триесет секунди откако го оживеавме. Ги отвори очите и почнав да разговарам со него. Тоа беше многу емотивен момент бидејќи во вакви ситуации шансите за да се поврати се многу мали. Го прашав: Дали си со нас? Тој ми одговори: Да. Да го еб., па имам само 29 години – вели Клајнфелд.