Меган Маркл и принцот Хари станаа родители по вторпат – се роди ќерката Лилибет, а Меган одамна подготвила скапоцен подарок за неа. Еве за што станува збор!
Сите со нетрпение ја очекувале приновата во семејството. Девојчето, чие средно име е Дијана, се роди на 4 јуни, а при раѓањето тежело три килограми и 487 грама.
Во врска подарокот што го подготвила Меган, станува збор за парче накит коешто е многу скапо што се однесува до цената, а е непроценливо во емотивна смисла.
Станува збор за луксузен модел на брендот „Картие“ под името Tank Française, за кој Меган издвои 4.800 фунти, или околу 350.000 денари.
View this post on Instagram
Меган го купила за себе за посебна пригода – кога сакала да ја прослави најавата и на третата сезона од серијата „Костум“, во која беше главна ѕвезда пред да се омажи за принцот Хари.
– Во тој момент, тоа беше огромна работа за мене, пресвртна точка и затоа сакав да се почестам и да купам нешто навистина големо. Се определив за тој часовник на кој изгравирав „За М.М. од М.М.“ – рекла Меган своевремено за „Хелоу“.
Во тоа време, кога го давала интервјуто, Лилибет не беше ниту на повидок. Сепак, од моментот кога го купила, Меган знаела што ќе прави со тоа скапоцено парче.
– Планирам еден ден да ѝ го дадам на ќерка ми. Тоа е она што ги прави семејните парчиња накит вредни, таа емотивна одлика што ја носат – рекла Меган.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм