Стоилковски: Тунџев директорува со Катастар, а фирмата на неговата сопруга добива лиценца за производство на струја

1,073

 

Следува уште еден доказ за приватизација на институциите, следува уште еден случај за украден живот за четирите години начин на владеење на Заев со криминал и партизација на Македонија, истакна портпаролот на СДСМ Наум Стоилковски на денешната прес-конференција.






– Ова е лиценца издадена на неверојатни 34 години за компанијата КБ Енерго Соларис ДООЕЛ Скопје, лиценца за вршење енергетска дејност, производство на електрична енергија. Издадена е на 24 август 2020 година, а трае до 24 јуни 2054 година, цели 34 години. Можеби се би било во ред да не се работи за компанија во сопственост на директорот на Катастар Борис Тунџев односно за компанија на име на неговата сопруга. Според информациите кои што тој лично ги доставил до Државната комисија за спречување на корупција ова е компанија на неговата сопруга, но нема податоци за тоа кога и по кој основ ова компанија е стекната. Додека директорува со републичкиот катастар Тунџев приватно односно неговата сопруга добива концесија за 3000 метри квадратни фотоволтаици до 2054 година, на цели 34 години – рече Стоилковски.

Тој праша, дали своите приватни бизниси Тунџев ги става на име на неговата сопруга?

– Она што е интересно е дека фирмата на семејството Тунџеви е основана во 2019 година, а веќе во 2020 година добива концесија за производство на струја која трае до 2054 година со потпис на Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. Дали своите приватни бизнис Тунџев ги става на име на неговата сопруга и така да прави влијание и да се добива концесија за работа за цели 34 години? Мора да напоменам дека покрај оваа фирма за производство на електрична енергија, сопругата на Борис Тунџев има фирма за дејност која што е во тесна релација со Катастарот воден токму од Туџев, а тоа е фирма за геодезија чие што содејство е сродно со образованието на Тунџев бидејќи она не е ниту геодет, ниту електрично, но Борис Тунџев е. Но, сепак сопругата има две компании, една за производство на електрична енергија, а друга е за геодезија. Мора да се нагласи дека Тунџев во својот анкетен лист свесно ја изоставил фирмата Гео проект на неговата сопруга која што практично е негова компанија. За ова иста работа Тунџев мора да одговори дали претходно не беше казнет од Антикорупциската комисија за прикривање на податоци за неговата имотна состојба. Како е можно еден инженер по геодезија кој што истовремено е и директор на катастар на Република Македонија во неговото семејство да има фирма која што се занимава со геодезија, дејност која е најтесно поврзана со катастарот и каде што се слеваат огромни финансиски средства секоја година. Го прашуваме Тунџев и тој мора да одговори – вели Стоилковски.

Тој ја повика Антикорупциската комисија за спречување на корупцијата, но и Јавното обвинителство да се ангажираат и да ги испитаат сите врски на директорот на катастар со бизнисите во неговото најтесно семејство.

 

Поврзани содржини