Повреден е скопјанец во пожар во својот стан
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје, а со повреди се здобил сопственикот на кого му е укажана лекарска помош од итна медицинска помош.
Вчера во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Роберт Кох“ во стан сопственост на Ј.С.(71) настанал пожар.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.