Три компании во косопствеништво на Заеви должат милион и пол евра на државата за неплатени даноци. Директорката на УЈП станува десна рака во партијата на Заев, реагира Наум Стоилковски на прес конференција.
– Заеви, оние во владата на режимот, најавуваат зголемување на даноците кон граѓаните! Да ги поставам овие три работи накусо, за сликата да биде појасна: фирми на Заеви должат данок и нема санкции кон нив, таа што треба да ги казнува добива најблиска функција до Заев, а сега сакаат да ги качат даноците кон сите, односно кон сите оние кои што плаќаат данок и ако не платат им се закануваат извршители. На листата на должници за данок се фирмите каде Заеви се јавуваат како косопственици, а вкупниот долг од само три фирми е речиси милион ипол евра. И секоја година на листата на УЈП за неплаќачи на данок се појавуваат фирмите на Заеви. Сања Лукаревска, директорката на УЈП добива втора функција во партијата на Заев – рече Стоилковски кој наброја три компании, Дравас инженеринг со вкупен долг 41 милион 325 илјади денари, Сара инженеринг, вкупен долг 33 милиони 811 илјади денари, Сара Јавор инженеринг со вкупен долг од 16 милиони 204 илјади денари кон државата.