Почина 24-годишното момче кое беше повредено при пукањето во Бутел
Според извори од МВР, испукани биле над 80 куршуми.
Почина 24-годишното момче кое беше во критична состојба пренесено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по пукањето во скопската населба Бутел 2.
Во престрелката во Бутел едно лице беше убиено, а од МВР истакнаа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „волксфаген голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24-годишниот возач Л.П од Скопје и неговиот сопатник К.И.
Според извори од МВР, испукани биле над 80 куршуми.