Судар на двајца падобранци во воздух, едниот починал

573

Во падобранска несреќа до која дошло во неделата на подрачјето на аеродром во Флорида, загинало едно лице.

Полицијата е повикана во неделата наутро на аеродромот Де Ланд, каде маж слета на паркинг, соопшти полицијата, пренесува NBC News.






Сведоци на настанот изјавиле за полицијата дека двајца падобранци се судриле во воздух со отворени падобрани и се сплеткале. Едениот од нив успеал да се ослободи, но вториот не успеал повторно да го отвори падобранот.

Минувачи се обиделе да му укажат прва помош на падобранецот, но не успеале да го спасат. Засега не е познат идентитетот на загинатото лице.

Поврзани содржини