Збогум на ПЦР тестовите, мобилна апликација ќе открива позитивни на ковид-19 (ВИДЕО)
Апликацијата првично е наменета за компании и комерцијални корисници. Цената ќе биде 480 евра месечно, а подоцна се планира да ја користат и приватни лица.
Германската компанија „Semic RF“ се надева дека ќе придонесе за почеток на тестирање од ковид-19 со скенирање на очното јаболко, процес што, наводно, трае само три минути за да се идентификува носителот на вирусот и има стапка на точност од 95 проценти
Базираната во Минхен, „Semic RF“ ја разви апликацијата за скенирање на очите со колеги од САД, и во очекување на регулаторното одобрување, се надева дека ќе започне да ја воведува до крајот на мај – рече директорот на компанијата Волфганг Грубер.
Процесот користи фотографија од очното јаболко направена со паметен телефон, а вирусот се идентификува доколку има симптоматско воспаление, кое се нарекува „розево око“.
Грубер додава дека апликацијата, која е веќе тестирана на над 70.000 лица, може да процесира до милион скенирања во секунда и дека постои потенцијал да се зголеми тој капацитет, што на крајот може да им овозможи на повеќе луѓе да се вратат на масовни настани, како на пр. концерти или фудбалски натпревари.
– Откако ќе ја преземете апликацијата, ќе ги фотографирате двете очни јаболка, ја испраќате фотографијата за евалуација и го зачувувате резултатот како QR-код на паметниот телефон од тестот – додаде Грубер.
Апликацијата првично е наменета за компании и комерцијални корисници. Цената ќе биде 480 евра месечно, а подоцна се планира да ја користат и приватни лица