Мајките на породилно наместо продолежено отсуство ќе добијат места во градинките за нивните деца

Анализата на Министерството за труд и социјална политика, покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот, а врз основа на досегашните информации, бројот на заболени деца е минимален и не бележи тенденција на раст.

549

Состојбата за упис на децата во градинките, како и потребата општините и директорите на градинките соодветно да го раководат процесот на прием на деца во градинките, за да се овозможи целосно искористување на капацитетите во градинките, беа тема на разговор на денешната средба на Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со претставнички на мајките кои што се на породилно отсуство, информираат од Министерството за труд и социјална политика  (МТСП).

Оттаму додаваат дека анализата на Министерството за труд и социјална политика, покажува дека сместувањето во градинките е безбедно и дека нема внатрешна трансмисија на вирусот, а врз основа на досегашните информации, бројот на заболени деца е минимален и не бележи тенденција на раст.






„Во однос на барањето за продолжување на породилното отсуство министерката Шахпаска информираше дека со оглед на стабилната состојба во градинките, како и поради фактот што вработените во градинките беа приоритетно вакцинирани, Министерството за труд и социјална политика достави писмено допис до Комисијата за заштита од заразни болести со кој предлага да се разгледа можноста за зголемување на бројот на деца во градинките“, стои во соопштението.

Моментално според Проптоколите што се на сила, е предвидено воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум по 12 деца, додека групите за децата од 2 до 10 годишна возраст да имаат по максимум 15 деца.

Од Министерството велат дека доколку биде прифатен нивниот предлог дополнително ќе се зголеми капацитетот на градинките, ќе можат да се примат повеќе деца, со што ќе се обезбеди грижа за децата особено во оние семејства каде што и двајцата родители работат или пак се самохрани родители.

Поврзани содржини