Гостиварец присилно си ја омажил ќерката, зетот ја држел под клуч и ја силувал
Во билтенот е наведено дека девојката во Шуто Оризари неколку дена била чувана затворена и врз неа била извршена обљуба.
На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М. (26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Во билтенот е наведено дека девојката таму неколку дена била чувана затворена и врз неа била извршена обљуба.
По документирање на случајот, посочуваат од МВР, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.