Апасиев најави кривична за биолошки тероризам ако заразен пратеник дојде во Собрание

„Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за биолошки тероризам и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на режимот“, напиша Апасиев на Фејсбук.

2,297

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера најави дека ако пратеници од власта заразени со вирусот ковид-19 се појават на денешната седница, тој ќе поднесе кривична пријава за биолошки тероризам.

„Ако власта се дрзне да донесе заразени пратеници од карантин на пленарна седница, ќе попие кривична пријава за биолошки тероризам и некој ќе си го крка, фино-лепо, по падот на режимот“, напиша Апасиев на Фејсбук.






Денеска пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска објави дека позитивна на ковид-19 дошла во Собрание за да се изгласаат закони.

Излегувањето од дома без претходна најава во МВР е казниво со Закон. Во услови на епидемија заразените смеат да излезат од својот дом само заради здравствени потреби.

Согласно членот 206 од Кривичниот законик казната за ова дело може да биде парична или затвор до една година.

Тој што за време на епидемија на некоја опасна заразна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото од став 1 го стори правно лице, ќе се казни со парична казна“, се вели во членот 206 од Кривичниот законик. 

Поврзани содржини