Мицкоски: Ќе одговарам за саботажа ако Спасовски покаже доказ, во спротивно да ми се извини

Спасовски е неспособен, криминоген и треба веднаш да замине од таа позиција и да одговара, и да престане да ја лаже македонската јавност.

1,147

Материјалите за аферата со пасошите ги имав веќе неколку месеци и тоа ми беа доставени од свиркач. И јас го повикувам Спасовски, подготвен сум да одговарам за како што вели саботажа, да ме суди веднаш, нека го покаже лицето од тие кои што се таму приведени и обвинети со доказ, не со исказ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5.

– Не со исказ. И еве го мојот телефон нека види, и бидејќи ме следат, точно знаат каде се движам, нека докажат дека јас сум имал било каков контакт со тие луѓе таму. И подготвен сум веднаш тие да бидат сите ослободени, а јас да одговарам за саботажа. А, во спротивно, да се извини. Затоа што е неспособен, криминоген и треба веднаш да замине од таа позиција и да одговара, и да престане да ја лаже македонската јавност – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.






Мицкоски додаде дека не е битно кој му ги доставил документите, неколку пати нагласил дека документите се од свиркач.

– Чекавме луѓето од МВР да достават, односно да почнат со оваа акција. Што чекаа тие? Или чекаа да заврши оваа акција како што заврши „Планина“ или како им се викаше онаа „Висорамнина“ што претходно ја направија? Така сакаа и оваа акција да им заврши – праша Мицкоски.

Тој посочи дека власта греши што се обидува јавноста да ја прелаже со тоа дека виновниците за оваа афера се обични службеници.

– И што сакаат да не убедат сеге дека оние луѓе кои што земаат таму отисоци од прсти и сликаат, се тие виновниците? Дека овој Јован Вукотиќ кој што обезглавувал луѓе и е дел од Шкаљарскиот клан и кој што треба сега да одговара за неколкукратно убиство дошол тука, тропнал на врата таму кај што се слика за документи и тие го сликале. Има докази дека доаѓале криминалци. А, тоа е уште потрагично дека криминалците од други земји земале документи, тој признава недостатоци во своето работење како министер –  рече Мицкоски.

Мицкоски укажа дека не е системски пропуст да ти дојде во земја пола балканска мафија и да земе лични документи.

Поврзани содржини