ЦИРКУС ВО СОБРАНИЕТО Пратеници се бркаа за микрофонот, Џафери го повика обезбедувањето (ВИДЕО)
Собранискиот спикер Талат Џафери неколку пати го прозва Мицевски и го замоли да се врати на своето место, но неуспешно. На крајот, сепак, Џафери реши да го повика обезбедувањето.
Вистински циркус се одвиваше попладнево во Собранието откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, одби да се врати на своето место и упорно стоеше во близина на пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска, која доби збор за процедурално обраќање.
Собранискиот спикер Талат Џафери неколку пати го прозва Мицевски и го замоли да се врати на своето место, но неуспешно. На крајот, сепак, Џафери реши да го повика обезбедувањето.
За тоа време во собраниската сала се слушаше удирање по масите и свирежи со свирчиња од страна на пратениците на опозицијата.
Инаку, инцидентот се случи откако меѓу пратениците од власта и од опозицијата паднаа тешки обвинувања за тоа во чие време криминалот бил поголем а криминалците помногубројни.