Заев се чуди зошто Владата уште не ги објавила хонорарците
Не знам зошто уште во петокот не го објавиле. Веројатно поради тоа што и кај нас во Владата имаме луѓе позитивни на ковид, дел се во самоизолација, дел се сѐ уште во делот на мерките на администрацијата на ротирање, па објавиле во петокот дека денеска, во понеделник, ќе ги објават, рече Заев.
Премиерот Зоран Заев изјави дека денеска од владиниот портпарол ќе бидат соопштени деталите за сите лица кои биле ангажирани хонорарно од Владата и кои се причините за таквите ангажмани.
– Владата е како кабинет, асистент на сите други ресори. Многу често ни требаат хонорарни ангажмани, од осветлување, до озвучување, до подготовка на прес-конференции, до соопштување на важни работи за јавноста за граѓаните, токму преку вас медиумите, за одредени други времени активности, за кои што немаат никаква потреба трајно да бидат згрижени, а се нафатиле граѓани од својата професија да бидат ангажирани во делот на Владата – рече Заев.
Тој напомена дека денеска ќе бидат соопштени сите детали за оние кои биле хонорарно ангажирани од вакви причини.
– Не знам зошто уште во петокот не го објавиле. Веројатно поради тоа што и кај нас во Владата имаме луѓе позитивни на ковид, дел се во самоизолација, дел се сѐ уште во делот на мерките на администрацијата на ротирање, па објавиле во петокот дека денеска, во понеделник, ќе ги објават. Но како што знаете, сите советници се знаат во мојот кабинет, се знаат транспарентно сите податоци, посебно кои сте ги барале вие новинарите, а се во интерес на граѓаните. Никогаш не сме криеле и ова ќе го објавиме во сите детали – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по средбата со лидерите од албанската опозиција Зијадин Села и Африм Гаши.