Трагичната судбина на младата водителка: Зошто се самоуби поранешната девојка на принцот Хари?

1,690

Една од најпознатите британски водителки Кeролин Флек се самоуби на 40-годишна возраст во февруари 2020 година во нејзиниот стан во Лондон.

Поранешната водителка на британското реално шоу „Остров на љубовта“, беше позната и како поранешна девојка на принцот Хари, а страдаше од депресија и се лекуваше со антидепресиви.






На почетокот на декември 2019 година, таа исто така се најде во центарот на скандалот кога физички го нападна нејзиното тогаш момче, тенисерот Луис Бартон во нејзиниот дом. Поради сомнителните пораки кои ги пронашла во телефонот на своето 13 години помладо момче Луис Бартон, Кeролин физички го нападнала, поради што била уапсена. Тогаш беше наведено дека Кeролин, наводно, имала агресивно-љубоморен напад, бидејќи во неговиот мобилен телефон нашла пораки од 60-годишна жена на која ѝ давал „упатства“.

Наводно го удрила со ламба и си ја пресекла раката. Полицијата потоа ја уапсила, додека нејзиното момче завршило во болница со повреди.

Кeролин потоа се најде на удар на жесто напади и осудувања на социјалните мрежи, со кои не можеше да се справи, па делумно и поради тоа, несреќната водителка си го одзеде животот.

Документарниот филм за покојната Кeролин го сними „Канал 4“ и во него, меѓу другите, за неа ќе зборува нејзината сестра близначка, Џоди Флек.

Џоди открила дека Кeролин од тинејџерските години тешко се справувала со љубовните проблеми. Таа била со заљублива природа, но не можела да се избори со кавгите.

– Тој беше малку постар и тоа беше драматично, тајно и многу возбудливо. Но, кога веќе не функционираше, беше скршена. Побегна од дома и не знаевме каде е. Се бореше многу, многу напорно со своите емоции. Беше во тешка депресија. По секое раскинување се „скршуваше“. Земаше многу таблети, мноуг пиеше и заврши во болница – рече Џоди.

Кeролин поминувала низ тежок период по проблемите со нејзиното поранешно момче со кое се тужеше, поради што трпеше и нејзината кариера, но јавноста не очекуваше дека сите овие проблеми ќе резултираат со самоубиство.

– Сè започна по нејзиното прво предозирање. Докторот рече дека мисли дека тоа е само еден, посебен случај, но потоа секогаш постои можност дека тоа да се повтори. Се плашевме дека тоа ќе биде предизвикувач за такво нешто – раскажала мајката починатата водителка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lewis Burton (@mrlewisburton)

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини