Николоски: Нема да признаеме бројки кои не се во согласност со ЕУРОСТАТ

Мора да се направи една јасна дистинкција помеѓу оние кои што не живеат во Македонија, односно се дијаспора и попишување на таканареченото резидентно население, односно население коешто живее во Македонија што е основа на препораките на ЕУРОСТАТ, рече пратеникот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

736

Во емисијата „Утрински Брифинг“ гостуваше потпретседателот и пратеник од  ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи попис којшто не е реален и којшто не е соодветен со процедурата и методологијата на ЕУРОСТАТ.

Николоски рече дека во изминатите недели тоа што се прави личи на сè, само не на попис каде еден човек со дваесет-триесет пасоши да внесува во компјутер податоци и дека е тоа манипулација на целокупниот систем.

– Нема да дозволиме попис кој што е нереален. Ние јасно кажавме дека бројки коишто се нереални и коишто не се соодветни на процедурата и методологијата на ЕУРОСТАТ ние нема да прифатиме и да признаеме. Методологијата ја носи Државниот завод за статистика, мислам дека има доволно време да бидат сите умни, да бидат сите паметни да пристапат кон овој процес пред се стручно, но и здраворазумски од причина што тоа што почнаа да го прават овие недели наназад е се само не е попис. Една таква масовна кампања каде што гледавме на маса ставени 20-30 пасоши па еден ги внесува во компјутер е манипулација на целокупниот систем – потенцираше Николоски.

Пратеникот и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека мора да се направи една јасна дистинкција помеѓу оние кои што не живеат во Македонија или дијаспората и она население коешто живее во Македонија или резидентно население што е и основата на препораките на ЕУРОСТАТ организација која што се занимава со пописи насекаде во светот.

– Мора да се направи една јасна дистинкција помеѓу оние кои што не живеат во Македонија, односно се дијаспора и попишување на таканареченото резидентно население, односно население коешто живее во Македонија што е основа на препораките на ЕУРОСТАТ организацијата којашто се занимава со пописи насекаде низ Европа. И тоа е клуч за методологијата се направи едно јасно разграничување помеѓу овие две работи – заврши Николоски.

Поврзани содржини