29 починати и 1.402 новозаболени од ковид-19 во последните 24 часа

Според статистиката, како оздравени се регистрирани 761 пациент.

1,107

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.978 тестирања, а регистрирани се 1.402 нови случаи на ковид-19, како оздравени се водат 761 пациент, додека битката со вирусот ја загубиле 29 лица.

Според информациите најмногу новозаболени има во Скопје – 603, потоа следи Битола – 105, Куманово – 84, Велес – 82, Прилеп – 70, Струмица – 52, Охрид – 46, Кавадарци – 40, Штип – 36, Гевгелија – 32, Тетово и Гостивар – по 28, Кочани – 23, Кичево – 21, Струга – 20, Неготино – 16, Ресен – 14, Свети Николе – 13, Радовиш и Виница – по 11, Крива Паланка и Валандово – по 10, Пробиштип – 8, Берово и Македонски Брод – по 7, Демир Капија – 5, Делчево, Кратово, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 3, Крушево, Пехчево и Богданци – по 2, Дебар и Дојран – по 1.






Регистрирани се 761 оздравен пациент од Скопје – 388, Прилеп – 51, Битола – 45, Кавадарци – 37, Гостивар – 28, Тетово – 27, Куманово – 26, Велес – 24, Штип и Неготино – по 19, Гевгелија – 18, Струмица – 13, Ресен – 9, Берово – 8, Пробиштип – 7, Кочани – 6, Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Валандово и Крушево – по 3, Кратово, Демир Хисар и Богданци – по 2, Дојран – 1.

Пријавени се вкупно 29 починати лица: 10 од Скопје (49г, 61г, 2 лица со 62г,63г,68г, 69г,72г,74г,и 76г), 3 од Битола (62г, 64г, 71г), по 2 пациенти од Прилеп (75г и 92г), Гостивар (70г и 74г), Кавадарци (50г и 62г), Штип (72г и 83г), а по еден пациент е пријавен од Струмица (78), Куманово (84г), Кочани (76г), Кичево(74г), Неготино (84г), Ресен (65г), Радовиш(58г) и Демир Хисар(80г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Направени се 3.978 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-94, ЦЈЗ Битола-101, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-7, лабораторија болница Козле-12, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–82, МАНУ-177, Жан Митрев (Филип Втори)-197, Авицена-334, Биотек-285, Систина-246, лабораторија Лаор-165, Синлаб – 63, Ремедика-46, Плодност – 62, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.331.

Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 131.424, бројката на оздравени пациенти е 107.740, на починати е 3.810, а бројот на активни случаи изнесува 19.874.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 58.820, активни 9.858, Прилеп 7.131, активни 1.095, Куманово 6.944, активни 927, Тетово 6.358, активни 613, Гостивар 4.576, активни 487, Велес 4.568, активни 754, Битола 4.524, активни 802, Кавадарци 4.491, активни 722, Штип 4.307, активни 454, Охрид 4.176, активни 796, Струмица 3.306, активни 376, Струга 2.698, активни 245, Кочани 2.267, активни 253, Кичево 2.032, активни 193, Неготино 1.948, активни 391, Гевгелија 1.859, активни 398, Свети Николе 1.280, активни 127, Крива Паланка 1.080, активни 110, Ресен 1.015, активни 163, Радовиш 912, активни 120, Дебар 860, активни 56, Берово 850, активни 116, Делчево 845, активни 91, Пробиштип 703, активни 103, Виница 622, активни 83, Валандово 525, активни 89, Крушево 435, активни 124, Богданци 410, активни 74, Демир Капија 360, активни 82, Кратово 333, активни 29, Демир Хисар 326, активни 41, Македонски Брод 303, активни 38, Пехчево 235, активни 35, Македонска Каменица 211, активни 17 и Дојран 114, активни 12.

Поврзани содржини