33 лица ја загубија битката со ковид-19, најмладиот има 34 години, 1.272 се новозаболени

Во дневната статистика која ја објавува Министерството за здравство како оздравени лица се регистрирани 868 пациенти.

1,266

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на ковид-19, како оздравени се регистрирани 868 пациенти, додека битката со коронавирусот ја загубија 33 лица.

Според информации новозаболените се во Скопје – 619, Битола – 75, Прилеп – 65, Куманово – 61, Тетово – 50, Кавадарци – 40, Велес – 39, Охрид – 34, Штип – 32, Струмица и Струга – по 23, Кочани – 22, Кичево и Берово – по 21, Гостивар – 19, Неготино – 18, Крива Паланка – 17, Гевгелија – 15, Валандово – 11, Ресен – 10, Радовиш – 9, Свети Николе, Пробиштип и Виница – по 8, Делчево – 5, Демир Капија, Кратово и Пехчево – по 4, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2, Крушево – 1.






Регистрирани се 868 оздравени пациенти од Скопје – 421, Охрид – 55, Куманово – 50, Прилеп – 46, Велес – 35, Кавадарци – 27, Неготино и Гевгелија – по 25, Штип и Струмица – по 20, Битола – 19, Гостивар – 17, Тетово и Струга – по 16, Кичево – 14, Кочани и Радовиш – по 12, Берово – 7, Кратово – 5, Крива Паланка и Крушево – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Валандово, Свети Николе, Виница, Делчево и Богданци – по 2, Демир Капија и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 33 починати лица, и тоа 12 од Скопје (34г,45г,59г,62г,65г,72г,73г,75г, 78г,79г,80г и 84г), по 2 пациенти од Прилеп (65г и 85г), Куманово (68г и 69г), Тетово (68г и 74г), Велес (68г и 78г), Охрид (49г и 83г), Кичево (73г и 80г) и Виница (59г и 84г), а по еден пациент е пријавен од Кавадарци (79г), Битола (41г), Струмица (49г), Неготино (61г), Крива Паланка (84г), Валандово (83г) и Крушево (85г). Сите пријавени смртни случаи се починати во болнички услови.

Направени се 3.948 тестови преку: ИЈЗ-479, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-40, лабораторија болница Козле-15, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, МАНУ-144, Жан Митрев (Филип Втори)-231, Авицена-314, Биотек-337, Систина-285, лабораторија Лаор-176, Синлаб-112, Ремедика-46, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.557.

Досега во земјата се направени вкупно 620.810 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 128.511, бројката на оздравени пациенти е 106.392, на починати е 3.749, а бројот на активни случаи изнесува 18.370.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна: Скопје 57.564, активни 9.329, Прилеп 6.997, активни 1.047, Куманово 6.744, активни 782, Тетово 6.273, активни 577, Гостивар 4.493, активни 453, Велес 4.418, активни 652, Кавадарци 4.407, активни 697, Битола 4.333, активни 677, Штип 4.227, активни 410, Охрид 4.086, активни 709, Струмица 3.216, активни 315, Струга 2.667, активни 215, Кочани 2.229, активни 227, Кичево 1.986, активни 158, Неготино 1.910, активни 389, Гевгелија 1.792, активни 363, Свети Николе 1.256, активни 111, Крива Паланка 1.061, активни 104, Ресен 992, активни 155, Радовиш 886, активни 101, Дебар 848, активни 44, Делчево 840, активни 88, Берово 832, активни 112, Пробиштип 681, активни 93, Виница 600, активни 63, Валандово 505, активни 74, Крушево 431, активни 129, Богданци 401, активни 70, Демир Капија 353, активни 81, Кратово 326, активни 24, Демир Хисар 322, активни 43, Македонски Брод 292, активни 30, Пехчево 230, активни 30, Македонска Каменица 203, активни 9 и Дојран 110, активни 9.

Поврзани содржини