Во ковид болниците во земјава се лекуваат 1.537 пациенти, има околу 300 кревети
Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени на ковид се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, а во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 668 лица сомнителни и потврдени на ковид се лекува на инфективните оддели во главниот град.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 6 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а четири пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти. На Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.