Роналдо ја фрли капитенската лента по мечот против Србија
Во последната минута, трета од судиското надополнување, холандскиот судија Дени МекКели не досуди гол на Кристијано Роналдо откако топката ја мина гол-линијата.
Репрезентацијата на Португалија синоќа во Белград одигра 2:2 во квалификациски натпревар за Светското фудбалско првенство 2022.
Во последната минута, трета од судиското надополнување, холандскиот судија Дени МекКели не досуди гол на Кристијано Роналдо откако топката ја мина гол-линијата. По негодувањето на 36-годишниот Португалец, судијата го казни играчот со жолт картон, а по мечот, Роналдо ја фрли капитенската лента на теренот.
По овој натпревар, Португалија и Србија имаат по 4 бода и се на првото и второто место во групата А.