ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже колку пати на „братот“ Бојко му кажал да не ја блокира Македонија и што бара Рашковски во Мексико?

Заев да каже дали Рашковски е во Мексико и дали бега од одговори додека во Македонија топ тема е неговиот случај и сомнежите за криминал, реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

1,073

Зоран Заев да каже колку пати на „братот” Бојко да не ја блокира Македонија и дали се спротивставил на сите кочења кои неговиот „брат” и ги приредил на државата? Зоран Заев ја изрезили државата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека Македонија тоне на сите полиња, и немаме вакцини, бидејќи сме на 118 од 122 места на листата на Блумберг по број на вакцинирани. Моментално сме на 5 место по невакцинирање и на 5 место по починати. Кримималот цвета, на родилки им се вадат органи, а парите на народот се трошат за непотребни тендери за набавка на софтвери. Драги Рашковски, кој е човекот зад криминалот со софтверот никаде го нема. Заев да каже дали Рашковски е во Мексико и дали бега од одговори додека во Македонија топ тема е неговиот случај и сомнежите за криминал. И додека криминал има на сите страни, тука е Заев да се замеша во сè. Заев не кажува зошто се јавувал на Деве Баир за поминување на 5 возила. Што имало во нив и зошто после се бришани полициски извештаи?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини