Апасиев: Патните трошоци да бидат во висина на автобуски билет

Патување од Куманово е 40 километри наваму и 40 километри натаму. За 80 километри добивате 1.000 денари, а реалниот трошок за изминати 80 километри е 300 денари. 700 денари Собранието ги дава бакшиш, вели лидерот на Левица.

750

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава за Канал 5 понуди решение кое би требало да го реши проблемот со превисоките суми за патни трошоци на пратениците од кој најголема штета трпат граѓаните.

– Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти, е постоечкото 20 отсто на изминат километар да се измени и да се спушти на 5 отсто. Според нашите калкулации, во тој случај, цената којашто ќе ја добиваат пратениците ќе биде изедначена со цената на повратниот автобуски билет за одредена релација – вели Апасиев.






Тој даде и еден пример како за патување кое вреди 300 денари пратениците земаат диполнителни 700 денари и го олеснуваат буџетот, а сето тоа е законски.

– Ќе ви кажам и еден пример. Патување од Куманово е 40 километри наваму и 40 километри натаму. За 80 километри добивате 1.000 денари, а реалниот трошок за изминати 80 километри е 300 денари. 700 денари Собранието ги дава бакшиш – додава тој.

Поврзани содржини