Костовски: Ако сум виновен уште утре ќе одам во затвор, не сум кукавица да бегам

Сопствениците на фирмите „Кубус“ и „Еурека информатика“, Златко Тодоров и Војо Татабитовски-Артник, на денешната прес-конференција тврдеа дека без нивно знаење на нивните сметки биле префрлени пари во износ од 500.000, односно 250.000 евра од Комерцијална банка.

1,983

Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костовски и тројца бизнисмени денеска обвинија за злоупотреби на банката од други банки и порачаа дека државата не ја водат политичките партии туку, како што рекоа, неколку луѓе, кои како домашни кредитори се јавуваат како сопственици на државата.

Сопствениците на фирмите „Кубус“ и „Еурека информатика“, Златко Тодоров и Војо Татабитовски-Артник, на денешната прес-конференција тврдеа дека без нивно знаење на нивните сметки биле префрлени пари во износ од 500.000, односно 250.000 евра од Комерцијална банка.






Во првиот случај во 2013 година преку Еуростандард банка иако воопшто немал сметка таму сопственикот на „Кубус“, а во вториот во 2009 година се репозицонирани на Кираца Трајковска без знаење на сопственикот Татабитовски-Артник, кој во тоа време не бил во државата повеќе од четири месеци. Третиот оштетен сопственик е докторот Адил Мустафаи кој ја започнал изградбата на првата приватна болница во земјава Шендети во 2002 година, вредна 10 милиони евра, која никогаш не била отворена бидејќи од 2005 година имал проблеми со Уни банка од каде трпел уцени и лаги. За тврдењата покажаа пишани документи и компјутерски фајл и рекоа дека сите документи веќе ги има Обвинителството, но никој не презема ништо.

– Самата природа на настаните нѐ натера нас четворица бизнисмени да се споиме зашто сме оштетени од девијантните појави на одредени банки. Со Тодоров од „Кубус“ се најдовме затечени бидејќи и мојата банка е влезена во неговите шеми во кои се вртеле пари, а тој ниту има своја сметка во Еуростандард банка, ниту е клиент во банката, но преку Комерцијална банка и Еуростандард банка му се префрлени речиси два милиони евра без знаење ниту на акционерите нити на мене како претседател на Надзорен одбор, ниту, пак, со негово знаење. Тука се работи за организиран криминал – истакна Костовски.

Ја барам вистината, посочи Костовски, а тој што се огрешил нека одговара.

– Обвинителството нема никакви докази против мене и мислам дека овој акт за носење наредба на обвинителството е изнуден од моја страна, бидејќи цело време инсистирам да бидам повикан од било која институција за да дадам свој исказ во врска со Еуростандард банка. Обвинението за перење пари во најмала мерка е смешно и не е издржано – рече Костовски.

Во моментот на затворање на Еуростандард банка, посочи тој, на конто во готово имало 27 милиони евра.

– Ако сум имал намера да перам или да крадам пари имаше илјада начини како можев тие пари да ги извадам. Не сум ни сонувал дека ќе ми ја носат банката во стечај. Ако сум виновен уште утре ќе одам во затвор, не сум кукавица да бегам – рече Костовски.

Тој потсети дека нему и на неговиот син им се замрзнати имотите.

– До пари ќе дојдеме само ако го оттуѓиме нашиот имот за да покренеме процеси надвор од земјата со цел да дојдеме до правдата. Во актуелните институции сакаат да ни ги ограничат сите финансиски и материјални средства за да не можеме да покренеме каков било спор – истакна Костовски.

Тодоров од „Кубус“ истакна дека во земјава не може да се упропасти банка колку некој и да се труди.

– Има закони кои строго го регулираат тој дел од работењето. Тоа е Законот за трговски друштва. Народна банка е чувар на финансискиот систем, што чуваше и како го чуваше. Кога законите би се следеле како што треба, а не диригирано, е регулирано како и на кој начин по многу строги правила може една банка да постапува. Со доброто или лошото водење на менаџментот во една банка може да вредат акциите едно евро или еден милион евра, но не може да се упропасти зашто има закон. Прашање е кој дозволи да се упропасти Еуростандард банка – рече Тодоров.

Поврзани содржини