„Ковакс“ добива голема финансиска поддршка од САД
На пример, во рамките на коалицијата за подготвеност за епидемија, нашата обврска има долга традиција. Во последните 20 години, САД обезбедија повеќе од 140 милијарди долари за глобалното здравје - рече Блинкен.
Соединетите Американски Држави соработуваат со Светската здравствена организација (СЗО) за пристап до вакцини против коронавирус и имаат намера да обезбедат „значителна финансиска поддршка“ на „Ковакс“ програмата, изјави државниот секретар Ентони Блинкен, зборувајќи во виртуелен формат на состанокот на Советот за безбедност на ООН за борба против пандемијата.
– Ние работиме со СЗО за глобален пристап до вакцини. Имаме намера да обезбедиме значителна финансиска поддршка на „Ковакс“ програмата – рече Блинкен.
Тој истакна дека работат на поддршка на други мултилатерални иницијативи за глобален одговор на ширењето на пандемијата.
– На пример, во рамките на коалицијата за подготвеност за епидемија, нашата обврска има долга традиција. Во последните 20 години, САД обезбедија повеќе од 140 милијарди долари за глобалното здравје – рече Блинкен.
„Ковакс“ е меѓународен механизам, формиран за да го олесни производството на вакцини против коронавирус во помалку богатите земји, кој вклучува 190 држави. Според условите на програмата, земјите со високи примања плаќаат за да купат вакцини, со што се субвенционираат т.н. финансирани земји во оваа област.
Според претходно најавените планови, во рамките на механизмот, до крајот на 2021 година, треба да се произведат две милијарди дози вакцини и рамномерно да се дистрибуираат ширум светот.