Државен матурски одбор: Ќе се полагаат два екстерни и два интерни испити

209

Државниот матурски одбор на денешниот онлајн состанок на кој учествуваше и министерката за образование и наука Мила Царовска го прифати предлогот државната матура да се сости од 4 испити, два екстерни и два интерни и проектна задача.

Во наредните денови одборот ќе треба да подготви нова предлог концепција.






На состанокот министерката Царовска и претставниците на одборот меѓу кои и претставници од Бирото за развој на образование и Државниот испитен центар истакнаа дека со ваквата концепција на полагање не се нарушува квалитетот на матурата, се задржува стандардот, и е во интерес на сите матуранти. 

„Oвој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година. Во извештаите на ОЕЦД државната матура како дел од образовниот систем е позитивно оценета и планираме и понатаму да ја подобруваме и унапредуваме“, вели Министерството за образование и наука. 

Поврзани содржини