Дурловски: Конечна слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор

765

Оперскиот пеач Игор Дурловски денеска доби решение дека Апелациониот суд во Скопје ја потврдува ослободителната пресуда за настаните на 27 април во Собранието.

Тој не побара амнестија, остана до крајот на судењето и доби ослободителна пресуда.






Дурловски на ФБ напиша:

„Конечна #Слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор.
Мојата ќе почнам да ја живеам од денес. Ти благодарам Господе, благодарам на моите најблиски и сите поддржувачи. Нека моето денес за неправедно осудените биде утре. Да живее Македонија!’
Поврзани содржини