„Под клуч“ два милиони Австралијци, поради еден позитивен случај на ковид-19

Властите воведоа петдневна блокада на Перт откако беше заразен работник од хотелско обезбедување кој служеше како карантин за патници од странство, пренесува „Ројтерс“.

560

Од денес, околу два милиони Австралијци се под строги мерки на заклучување откако беше откриен случај на коронавирус во Перт, главниот град на државата Западна Австралија.

Властите воведоа петдневна блокада на Перт откако беше заразен работник од хотелско обезбедување кој служеше како карантин за патници од странство, пренесува „Ројтерс“.






Според изјавата, 66 лица биле во близок контакт со него и досега ниту еден немал позитивен тест на ковид-19

– Вкупно 13 блиски контакти се негативни на вирусот, а 11 ризични контакти се префрлени во карантин во хотелот како мерка на претпазливост – рече премиерот на Западна Австралија, Марк МекГован.

Австралија во голема мерка успеа да го спречи ширењето на коронавирусот, бидејќи се потврдени скоро 29.000 случаи на инфекција, а 909 лица починаа.

Поврзани содржини