„Зегин“ отвори аптека во Берово
Со 42 000 имиња на производи новоотворената аптека во Берово, ќе биде една од најснабденате аптеки во државата.
Компанијата „Зегин“ денеска во Берово ја отвори 165 аптека, која како што изјави на отворањето директорот Благој Механџиски е една од најубавите и најевтини аптеки и со професионалната услга, на Беровчани ќе им понуди висок квалитет на услуги за потребите кои ги имаат.
Големиот асортиман на био производи од „Хелти фуд“ исто така останува во рамки на новоотворената аптека, како и понудата на ортопедски помагала, а најголемите новитети на светската фармацевската индустрија ќе им бидат достапни на Беровчани во секое време.
– Успехот кој веќе три децении е присутен во компанијата „Зегин“ се должи на доброто управување и стратегијата за развој врз основа на најсовремените светски достигнувања во таа област- рече Механџиски.
Тој рече дека за неколку дена синџирот на аптеките „Зегин“ се зголемува за уште две аптеки во Куманово. Веќе е реновирана и изгорената аптека во пожарот што го зафати трговскиот центар Глобал во Струмица.
Со 42 000 имиња на производи новоотворената аптека во Берово, ќе биде една од најснабденате аптеки во државата. „Зегин“ и во оваа аптека ќе дава попуст од 10 отсто на сите производи на заболените од ковид -19 .