ВМРО-ДПМНЕ: Попис во Македонија е неопходен, но не со штелувани резултати, бројки и проценти

406

Зоран Заев и СДСМ се неспособни за спроведување попис по европски стандарди и по критериуми на Евростат. Пописот кој што власта на Заев насилно сака да го истера е обична политичка операција,со штелувани бројки, а не статистичка операција. Пописот е неопходен за креирање на идна стратегија во државата. Пописот во Македонија е потребен и неопходен, но како статистичка операција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев турка попис на сила спротивно на сите европски стандарди и затоа се уште нема методологија на само два месеци пред пописот.  Бројките и процентите се однапред договорени, а доказ за тоа е двојниот потпис кој што ќе послужи како гаранција доколку еден од коалиционите партнери не е задоволен од резултатот. Власта насилно наметнува голема теренска операција во сред пандемија, кога сите сериозни земји во регионот и Европа ги одложуваат своите пописи за да не го загрозат здравјето и животите на своите граѓани. Ова  само  гарантира дека власта веќе ги има резултатите од пописот и само треба да ги објави, за што говорат и отворените лицитации со резултати, бројки и проценти – семета ВМРО-ДПМНЕ.






Од партијата порачуваат Заев да не бега и да одговори дали дилот за пописот, резултатите, бројките и процентите се однапред договорени веќе во еден угостителски објект во Полошкиот крај?

 

Поврзани содржини