„Мора да се шегувате“! Неверојатна сличност меѓу Кристен Стујарт и Лејди Ди (ФОТО)
Стјуарт позирала во црвено сако, црна кошула и црн шешир со краток вел, а ваквата облека потсетува на онаа која Дајана ја носеше во 1986 година при посета на болница во Шефилд, Англија.
Во новиот филм наречен „Spencer“, Кристен Стјуарт ќе ја отелотвори принцезата Дајана, а сега е објавена и првата фотографија која прикажува како изгледа во новата улога.
Стјуарт позирала во црвено сако, црна кошула и црн шешир со краток вел, а ваквата облека потсетува на онаа која Дајана ја носеше во 1986 година при посета на болница во Шефилд, Англија.
View this post on Instagram
– Мора да се шегувате! Помислив дека ова навистина е принцезата Дајана – гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.
Има и такви кои навеле дека им требало време за да сфатат дека на фотографијата не е принцезата туку станува збор за холивудската актерка.
– Неверојатно е колку наликуваат, eдвај го чекам филмот – се дел од коментарите на социјалните мрежи по повод објавената фотографија.