Семејството Бајден со нови украси во Белата куќа по заминувањето на Доналд и Меланија

Една од новините е статуата на легендарниот борец за правата на земјоделците – Сезар Чавез, која сега стои зад столицата на претседателот во Овалниот кабинет

437

Новата администрација на американскиот претседател Џо Бајден, се чини, не само што ќе ја промени државната политика, туку веќе го смени и изгледот на Белата куќа.

Новиот изглед на објектот, според многумина, е делумно забавен, освежувачки, но истовремено е ставен и личен печат. За време на свеченоста при инаугурацијата, 90 членови на персоналот на Белата куќа почнаа со внесување на личните работи на семејството Бајден, а потфатот траеше пет часа.






Бајден сепак, вели дека нема целосно да го смени изгледот на Белата куќа, ниту пак, ќе донесе личен декоратор. Се сменија само некои ситници, а како што се претпоставува, веројатно ќе се вложат уште милион долари за реновирање.

Една од новините е статуата на легендарниот борец за правата на земјоделците – Сезар Чавез, која сега стои зад столицата на претседателот во Овалниот кабинет

– Поставувањето на статуата на татко ми во Овалниот кабинет симболизира нови денови, нова надеж за нашата нација. Ова го велам не затоа што е во чест на татко ми, туку затоа што претставува верба и охрабрување за сите луѓе во чие име се бореше – рече Пол Чавез за Ен Би Си.

Во Овалниот кабинет, исто така, се поставени и статуи на Роза Паркс и Еленор Рузвелт, а Бајден го замени портретот на поранешниот претседател Ендрју Џексон со портрет на Бенџамин Френклин. Иако не се „типичен декор“, кучињата на Бајден – Чемп и Мејџор, исто така, ќе заземат свое место во Белата куќа. Доналд и Меланија Трамп беа првото претседателско семејство, по многу години, кое немаше свое милениче.

Нема официјално соопштение за ова, но многумина го повикуваат семејството Бајден да ја врати и старата градина на Белата куќа, по „контроверзните промени“ што ги воведе поранешната прва дама Меланија Трамп, кога таа отстрани дел од растенијата и постави патека со плочки за прошетка.

Поврзани содржини